Меркел се појави со маска

За прв пат од почетокот на пандемијата на коронавирус, германската канцеларка Ангела Меркел јавно се појави со заштитна маска.



На фотографијата објавена од Фокус Онлајс, таа носи црна маска со логото на германското претседателство со ЕУ.

Во понеделникот, за време на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон, одговарајќи на прашање зошто никогаш не носи маска Меркел рече дека ги следи правила за дистанца и затоа не ѝ е потребна заштита од уста и нос.

Но истовремено ги покани новинарите да ја снимаат како носи маска додека оди на пазарење. (БГНЕС)