Меркел сака да ги затвори сите локали…

Германската канцеларка побара состанок со премиерите на 16-те германски покраини за затворање на рестораните и кафулињата од 4 ноември.



Во Германија, во последните 24 часа се потврдени 14.964 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот на епидемијата, објави Институтот Роберт Кох.

Обидот на Ангела Меркел ќе биде последниот во низата да се запре ширењето на коронавирусот. Сепак, планот е да училиштата и градинките да останат отворени

Според Ројтерс, Меркел сака да ги затвори фитнес-баровите, казината и кината, како и театрите, операта и да забрани концерти, но да ги задржи продавниците отворени, доколку одржуваат хигиена и да го ограничи бројот на присутни во затворен простор.