Меркел предупредува: Ако продолжиме вака…


Германската канцеларка предупреди на алармантната состојба со пандемијата бидејќи бројот на новозаразени од Ковид-19 во Германија може да достигне до бројката од 19.200 на ден.
„Ако продолжиме вака, со овој тренд, тогаш ќе имаме 19.200 инфекции на ден. “, предупреди таа на видео-конференцијата на претседателството на ЦДУ.
Меркел рече дека мора да се преземе акција против локалните жаришта, бидејќи во спротивно Германија до Божик би имала бројки како другите земји…
Според „Билд“, Меркел изјавила дека бројот на инфекции во Европа е многу загрижувачки и дека е потребно во Германија да се преземе се’ со цел да се спречи повторниот експоненцијален раст.