Меркел одби да работи во ОН

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја одби понудата за работа во Обединетите нации, соопштија денеска од нејзиниот кабинет, пренесе Ројтерс.



Германските медиуми објавија дека Гутереш и понудил на Меркел претседателствување со советодавното тело на ОН за глобални јавни добра, што е еден од неговите водечки реформски проекти.

Нo, Меркел го повикала генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш да му се заблагодари и да му каже дека нема да ја прифати работата.

  • Меркел 16 години беше канцеларка на Германија.