Меркел: Нема промена на границите на Балканот

Германската канцеларка вчера  ги отфрли можностите за промени во границите на Балканот, откако претседателите на Србија и на Косово во последниве неколку дена предложија идеи на оваа тема.



Коментарот на Меркел беше наменети да ги прекине дискусиите за евентуална поделба на Косово, за кои многумина стравуваат дека ќе предизвикаат насилство на нестабилниот Балкан.

„Територијалниот интегритет на државите од Западен Балкан е воспоставен и е неприкосновен“, рече Меркел на почетокот на прес-конференцијата во Берлин со Денис Звиџиќ, премиер на Босна и Херцеговина, пренесува „Politico“.

„Ова мора постојано да се повторува, бидејќи повторно и повторно има обиди да се зборува за границите“, рече Меркел.

Српскиот претседател Александар Вучиќ минатиот месец ја објави идејата за поделба на Косово, кое прогласи независност од Србија во 2008 година. Најчесто дискутираното сценарио предвидува северот на Косово да биде признаен како дел од Србија.

Друго,ќесто дискутирано сценарио е дел од јужна Србија (Прешево, Бујановац и Медвеѓа), каде мнозинство се етнички  би можел да се приклучи на Косово.

Косовскиот претседател Хашим Тачи минатата недела рече дека е против поделба на Косово по етничка линија, но се залага за „корекција на границите”.