Меркел нема да учествува ако има преговори за мир во Украина

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, изјави дека прашањето за нејзиното учество во потенцијалниот украински процес на помирување „не било поставено“, пренесува ТАСС.



Во интервју за италијанскиот магазин Sette, таа призна дека нема претстава како ќе заврши конфликтот во Украина.

„На крајот ќе заврши со преговори. Војните обично завршуваат на преговарачка маса“… „Но, постои разлика помеѓу наметнатиот мир (кој многу луѓе, вклучително и јас, не сакаме да се случи ) и отворени, пријателски преговори.

Во врска со политиката на нејзината влада кон Русија и Украина, и прерговорите за мир од Минс потпишани по руската анексија на Крим, Меркел вели дека логиката на нејзиниот процес на донесување одлуки „сè уште ѝ изгледа рационална“.

„Сето тоа беше за да се спречи војна како што се развива сега конфликтот. Не успеавме, но тоа не значи дека беше погрешно да се обидеме“, истакна таа.

Во интервју за германскиот неделник „Ди Цајт“ на 7 декември годинава, Меркел рече дека склучувањето на договорите од Минск е обид да и се даде време на Украина да зајакне. Таа тврдеше дека на сите им е јасно дека конфликтот е само замрзнат и дека проблемот не е решен, „но на Украина и даде драгоцено време“.

Меркел изрази сомнеж дека земјите од НАТО би биле во можност да го поддржат Киев во онаа мера како што го поддржуваат сега.