Не можат веднаш да се превземат решенија за надминување на спорот меѓу Бугарија и РС Македонија, бидејќи во Бугарија престојат парламентарни и претседателските избори во блиска иднина, изјави канцеларка Ангела Меркел на прес -конференција после Самитот ЕУ-Запад Балканот, што се одржа во словенечкиот град Бардо кај Крањ.
Меркел рече дека за време на состанокот се разговарало за разни проблематични области.
„Тука стана јасно дека следниот чекор што треба да се преземе е да се постигне договор помеѓу Бугарија и РС Македонија за да може Софија да се согласи да започне меѓувладината конференција “, рече канцеларката, осврнувајќи се на започнувањето на преговори за пристапување на Скопје во ЕУ, пренесе Фактор.







