Меркел: На 58 милиони Германци им се заканува коронавирус!?

Дури 60 до 70 % од популацијата на Германија ќе биде заразена со смртоносен коронавирус, предупреди денес канцеларката Ангела Меркел.



Обраќајќи се на состанокот на парламентарната група на нејзината партија ЦДУ, Меркел рече дека 58 милиони Германци би можеле да заболат доколку епидемијата излезе надвор од контрола, брифираат инсајдери за весникот „Билд“.

Но, министерот за здравство Јенс Спан тврди дека 80% од сите заразени пациенти немаат скоро никакви симптоми.

Инфекцијата сега се пренесува меѓу луѓето во скоро 30 земји низ цела Европа, предупреди денес Светската здравствена организација.

Инфекцијата сега е присутна во 30 земји низ цела Европа, предупреди денес Светската здравствена организација, со 17 000 случаи на заразени и 700 смртни случаи само во Европа.

Германија, каде досега се регистрирани два смртни случаи од болеста што заразила повеќе од 110.000 луѓе ширум светот, има население од 82,9 милиони луѓе.