Преспанскиот договор ќе биде една од темите за кои, веројатно, ќе разговара германската канцеларка Ангела Меркел за време на дводневната посета на Атина закакажана за 10 и 11 јануари.



„Не можам да се преправам дека канцеларката ќе разговара за ова прашање во Атина, но можам во принцип да кажам дека германската влада решително го поздравува договорот за решавање на спорот за името и продолжува да се надева дека декадата на конфликт конечно може да се реши. Сега треба да ги чекаме за уставните промени во Скопје и ратификацијата во Атина “ изјави портпаролката на германската влада Мартина Фиц, пренесува грчки „То Вима“.

Предвидено е канцеларката Меркел да има средби со домакинот Алексис Ципрас, со претсеателот на Грција Прокопис Павлопулос како и со шефот на најгоемата опозицисјка партија, Неа демократија, Кирјакос Мицотакис.

Што се однесува за грчките барања за компензација што ги бара од Германија за окупацијата од Втората светска војна, Фиц децидна:

„Побарувањата на Германија за надомест се дефинитивно законски и политички решени“, пренесува „То Вима“.