Меркел: Косовското прашање нема да исчезне – мора да се реши

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера во Белград порачќа дека прашањето за Косово нема да исчезне и дека мора да се реши.



Косовското прашање мора да се реши пред пристапувањето на Србија во Европската унија, изјави германската канцеларка за време на заедничката прес -конференција во Белград со претседателот Александар Вучиќ.

„Ова прашање треба да се реши за да можат земјите-членки да го потврдат пристапувањето на Србија во ЕУ… Јас сум за прагматичен пристап. Ова прашање нема да исчезне. Мора да се реши. Јас сум за патоказ што прво ќе ги реши сите други прашања “, рече Ангела Меркел, цитирана од Бета.

Ние, рече од своја страна претседателот Александар Вучиќ, многу добро знаеме кој е условот за членство на Србија во ЕУ – решавање на косовското прашање, како и односите Белград-Приштина

„Затоа го водиме овој дијалог на сериозен и одговорен начин.”

Како што рече како што Приштина има свој став, така и ние во Србија имаме свој став. Подготвени сме да преговараме за сите можни компромиси.

Според него, „овој компромис ќе биде поблиску до постигнување доколку Белград и Приштина прво ги решат билатералните односи и гарантираат слободно движење на луѓе, стоки и капитал.

„Јас сум против замрзнати конфликти… Знам дека никој во Србија нема да биде среќен со овие зборови, но мислам дека е добро за сегашната генерација да го реши ова прашање, но решението мора да биде компромис, а не решение што ќе биде понижувачко за Србија“, рече Вучиќ.