.
По повлекувањето од политичкиот живот по парламентарните избори во септември, германската канцеларка Ангела Меркел(67) ќе добива месечна пензија од речиси 15.000 евра, пресметале од германското Здружение на даночните обврзници.
Пензијата се пресметува врз основа на платите што ги добивала како член на сојузниот парламент, сојузната влада и како канцеларка.
Како и сите поранешни канцелари и претседатели, Меркел ќе има право на официјална канцеларија. Државата ќе издвојува надомест и за секретарот во канцеларијата, двајца асистенти, дактилограф и за возач.
Ангела Меркел е постојана канцеларка на Германија од 2005 година, а во 2018 година поднесе оставка од лидерската функција во Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и објави дека нема да се кандидира за петти канцеларски мандат.






