Поранешната германска канцеларка ја критикуваше одбранбената политика на сопствената влада и се залага за решение на војната во Украина преку преговори, пишува „Политико“.
Во интервју за Die Zeit објавено во средата, Меркел рече дека војната во Украина „еден ден“ ќе заврши со преговори, меѓутоа таа не сакаше да ги прецизира условите под кои би го поздравила мировниот договор и го отфрлила „диктаторскиот мир“.
Меркел, исто така, рече дека и покрај обврските од НАТО, не е можно Берлин да ги инвестира таргетираните 2 отсто од БДП во вооружените сили – нешто што наидубаше на постојани, остри критики од поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Таа призна дека Германија „требала побрзо да реагира на агресивноста на Русија“. Сепак, Меркел не сакаше да се огради од другите политики и покрај критиките.
На пример, таа ја бранеше одлуката да продолжи со гасоводот Северен тек 2 од Русија до Германија, кој нејзиниот наследник како канцелар, Олаф Шолц, на крајот одлучи да го прекине неколку дена пред да започне целосната инвазија на Русија на Украина во февруари.
Меркел рече дека Украина е исто така многу заинтересирана да остане транзитна земја за рускиот гас. Одлуката да не се оди напред со гасоводот, во комбинација со мировниот договор од Минск, „опасно ќе ја влоши“ климата со Русија, додаде таа.
Енергетската зависност на Германија од Русија произлегува поради тоа што има помалку гас од Холандија и Велика Британија, како и ограниченото производство во Норвешка, додаде таа.
Поради тоа „мораше да се донесе одлука за купување поскап течен природен гас од Катар или Саудиска Арабија, бидејќи САД беа достапни само подоцна за извоз“, рече Меркел.
Според неа потегот во таа насока значително ќе ја наруши конкурентноста на Берлин.







