Меркел излезе од самоизолација

Германската канцеларка Ангела Меркел се врати на своите должности откако тестовите за коронавирус неколкупати беа негативни.



Меркел се повлече во домашен карантин откако била известена дека доктор со кого била во контакт, бил позитивен на тест за Ковид 19, пренесе ДПА.

Канцеларка ги повика граѓаните да ги почитуваат правилата и „да покажат разум“.

Претходно, Меркел изјави дека „ситуацијата со коронарниот вирус е понеобична отколку за време на банкарската криза“, и дека задачата на германската влада е да спаси животи, „но и да се осигура дека економијата ќе функционира.“

„Ова не е само уште една мала епизода во историјата на нашата земја. Ова е рез која бара многу од секој од нас”, рече таа, додавајќи дека се договорила со премиерите на сојузните државаи да преземат посебни мерки за борба против ширењето на пандемијата.