Рускиот претседател Владимир Путин се надева дека гасоводот „Северен тек 2“, од Русија до Германија, ќе биде завршен најдоцна до почетокот на 2021 година, и покрај санкциите на САД.
„Се надевам дека до крајот на годината, а не подоцна од првиот квартал од следната година, работите да бидат завршени и гасоводот ќе биде пуштен во употреба“, ризјави Путин на прес-конференција во Москва со германската канцеларка Ангела.
Тоа значи едногодишно одложување, зашто првично беше планирано да биде ставен во употреба кон крајот на 2019 година или почетокот на 2020 година.
Меркел, исто така, ја потврди поддршката за проектот и уште еднаш ги критикуваше санкциите на САД со кои се забавува работата откако компанија за поставување цевки на дното на Балтичкото Море се повлече поради санкциите на САД.
„Мислам дека е можно да се комплетира Северен тек 2 и покрај санкциите. (Рускиот) претседател објави временски распоред. Има одредено одложување, но може да се заврши“, рече таа.
„Ние не сметаме дека вонредните санкции во САД се соодветни и затоа продолжуваме да го поддржуваме проектот“, рече Меркел.
Северен тек 2, кој е при крај, треба да овозможи двојно повеќе директно снабдување со руски природен гас за Германија и Западна Европа преку Балтичкото Море.
Вашингтон и некои европски земји, вклучително и Полска, балтичките држави и Украина, сметаат дека гасоводот ќе ја зголеми зависноста на Европа од рускиот гас, што Москва би можела да го искористи за политички цели.
Покрај тоа, критичарите на Северен поток 2 посочуваат дека со тоа се жртвуваат интересите на Украина, која добива значителни приходи од транзитот на рускиот гас кон Европа.




