Германската канцеларка од понеделник, 13 септември ќе биде во посета на Западниот Балкан, а во вторник 14. септември во Тирана ќе организира ручек за шефовите на владите од земјите од регионот. Како што пренесуваат српските медиуми, Меркел прво ќе ја посети Србија, каде ќе се сретне со претседателот Александар Вучиќ, а во фокусот ќе бидат билатералната, економската политика и прашањето за проближување кон ЕУ.
Во Белград Меркел ќе има средба и со претставници на невладините организации од сите шест земји од Западниот Балкан.
Утредента во Тирана, таа најпрвин ќе има билатерална средба со албанскиот премиер Еди Рама, а дури потоа на ручек ќе ги собере премиерите од сшесте држави, при што фокусот ќе биде ставен на регионалната соработка. Конечно, пред заминувањето за Берлин таа ќе има и поединечни средби со лидерите на Косово, БиХ, Црна Гора и Македонија.
Српските медиуми пишуваат дека овие средби ќе бидат клучни за иднината на регионот, иако без подетални информации на што ги темелат овие тврдења.





