Канцеларката Ангела Меркел на вчерашната видео-конференција со парламентарците од европскиот континент изрази надеж дека Македонија се уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција годинава и во текот на германското претседавање со ЕУ, пренесува Дојче веле.
„Се соочуваме со потешкотии да овозможиме одржување на меѓувладината конференција со Северна Македонија“, рече Меркел.
„Албанија направи голем напредок, но особено е во прашање е дали ќе успееме навреме со с. Македонија, затоа што се уште постои потреба од преговори меѓу Бугарија и с. Македонија, како што знаете“, оцени германската канцеларка.
Подоцна, одговарајќи на прашање на пратениците, Меркел рече дека се надева дека с. Македонија годинава ќе ги започне преговорите, додека Албанија ќе мора да почека.



„Во случајот на Албанија, прашањето е малку поинакво. И покрај напредокот, не можам да ветам дека тоа ќе се случи оваа година, но многу наскоро“, рече канцеларката на виртуелниот состанок со парламентарните комитети на земјите членки на ЕУ.