Меркел пак се тресеше, Европа под стрес

Германската канцеларка Ангела Меркел на церемонијата на именување на нов министер за правда, стоејќи до претседателот Франк-Валтер Штајнмајер повторно не изгледаше добро и се тресеше.



На Меркел и била понудена чаша вода, но таа одбила.

Дел од медиумите објавија дека Меркел по половина час од „инцидентотт“ пристигнала во Парламентот и изгледала добро.

Слична сцена се случи и пред 10 дена на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Разбирлив е интересот на медиумите за здравјето на германската канцеларка и загриженоста во ЕУ за првата дама на најмоќната држава во ЕУ имајќи ги предвид се поизвесниот „брегзит“ на Британија од ЕУ и инсистирањето на францускиот претѕседател Макрон за „ремонт“ на Унијата“.

Меркел го извршува нејзиниот четврт мандат како германски канцелар, по преземањето на таа функција во ноември 2005 година. Некогаш популарната „Енџи“ (според хитот на Ролингстоунси) најави дека ќе ја напушти политиката кога нејзиниот сегашен мандат ќе заврши во 2021 година.

Меркелка има трет по должина стажна канцелар во историјата на Германија, по нејзиниот претходник и политички ментор, Хелмут Кол (повеќе од 16 години), и по Конрад Аденауер кој беше премиер повеќе од 14 години.

Доколку Меркел не е во можност да ги исполни своите должности, најмоќната функција во Германија ќе ја преземе,заменик-канцеларот Олаф Шолц, пишуба Би-би-си.