Причина за прекинот во напојувањето со електрична енергија во поголемиот дел на Скопје, е дефект во трафостаницата во Пинтија, информираа од МЕПСО за МИА.



Повеќе детали ќе соопштат откако ќе добијат информации од екипите испратени на терен.

Инфомакс објави видео од експлозијата во трафостаницата пред да избие пожарот

Според првичните сознанија, во близина на трафостаницата имало пожар.

Поголем дел од Скопје попладнево остана без напојување со електрична енергија.