Националниот оператор МЕПСО ги објави мерките за кратење на трошоците за време на енергетската криза во рамките на акционесктото друштво во државна сопственост, а една од нив е одложување на исплатат на К-15 за вработените, иако не се споменува до кога нема да се исплати регресот за годишен одмор.
Од планираните инвестиции ќе се намалат 10,4 милиони евра, а сопствените извори за финансирање за 7,1 милиони евра. Ќе се стопираат сите нови спонзорства и донации, а тропоците за мобилна телефонија и за одржување на слуќбените возила се кратат за 35, односно за 30 отсто.
Владата претходно на сите јавни претпријатија, фондови, агенции, дирекции и служби им побара ревизија на инвестициските и финансиските планови за 2022 со намалување на трошоците.






