Менкиноски: Зошто македонските функционери мора да имаат само едно државјанство

Адвокатот Тони Менкиноски бара Макеоднија да забрани нејзините функционери да имаат двојно државјанство.



Менкиноски смета дека сите тие кои што имаат најчесто Албанско, Косовско, Бугарско, Српско, Грчко и Турско државјанство не смеат да бидат на високи државни функции.

,,Факт е дека во Македонија ја има потпишано и ратификувано Европската конвенција за државјанство на Совет на Европа, но факт е и дека од дваесет и седум земји членки на Европската Унија, шеснаесет дозволуваат двојно државјанство, кај пет е забрането или го дозволуваат само во исклучиви околности (Чешката Република, Данска, Грција, Литванија и Полска) и шест (Австрија, Естонија, Германија, Летонија, Холандија и Шпанија) го дозволуваат во одредени околности, до различен степен. Две држави – Литванија и Бугарија – забрануваат избор на лица со двојно државјанство во Парламентот.

Кај нас во Македонија, за жал многу носители на државни функции во извршната или правосудната власт имаат две или повеќе државјанства, а најчесто се Албанско, Косовско, Бугарско, Српско а може да се сретне и Грчко и Турско. Ова состојба е алармантна и само по себе го поткопува интегритетот на македонските институции од морален, правен, безбедносен и политички аспект.

Носителите на државна функција мора и треба да се откажат од другите државјанства кои ги поседуваат за време на вршење на нивната државна служба во Македонските институции!”, смета Менкиноски кој има дилема за која држава работат тие што имаат двојно државјанство, за Макеоднија или за другата.

Адвокатот смета дека со поседување на само едно државјанство функционерите би упатиле порака дека се спремни да се соочат со одговорност доколку извршат било каква злоупотреба на нивната функција и би не убедиле нас Македонските даночни обврзници од кои тие се платени дека немаат намера да се кријат од правдата користејќи ги другите државјанства.

,,Бегството од не казнивост е само еден мал дел од причините – Зошто е потребно да се има само и само македонско државјанство на сите носителите на државните функции во Македонија”, смета Менкиноски кој на оваа тема зборува и во сторија на ТВ Алфа во која станува збор и за функционери од правосудството кои можеби имаат двојно државјанство.