„Јас воопшто не се чувствувам виновен, горд сум што го истакнав македонското знаме. Не сум го нарушил јавниот ред и мир, не постои ниту еден меѓународен, билатерален или мултилатерален договор што може да ме спречи мене како Македонец да го развијам македонското знаме“ изјави вчера адвокатот и активист за човекови права Тони Менкиноски откако се одложи уште едно рочиште во Охридскиот суд против него.
Менкиноски е обвинет за нарушување на јавниот ред и мир со поставувањето знаме со сонцето од Кутлеш во центарот на Охрид.
Поддршка за Менкиноски: Македонија од ново се раѓа
Пред Судот во Охрид се собраа стотици граѓани во знак на поддршка на обвинетиот.
Тој најави дека ќе бара ослободителна пресуда од причина што како и во претходните рочишта не се појавува никој од страната на обвинението.
„Ова не е битка за мене, туку за нас Македонците, иста како што онаа ја водевме пред Стразбур за Македонците од Пиринска Македонија. Во слободна држава да не смееме да развиеме македонско знаме, нема поголем апсурд“, рече Менкиноски кој пред Судот во Стразбур ги застапува Македонците од пиринскиот дел на Македонија.







