Мендух Тачи: Македонија ризикува да се распадне, ако не ги отвори преговорите со ЕУ!

„Претседателот на ДПА Мендух Тачи изјави дека неговата партија ќе се обиде да направи се, за да ги убеди сите чинители за евроатлантскиот пат на Македонија. ‘Но, ако Македонија не добие датум за отпочнување на преговорите со Европската Унија, ќе се доведе во опасност да се распадне, не и Албанија. Верувам во следниот шестмесечниот период… сега немаме владина криза, но сите ќе искористат, ако го постигнеме овој приоритет.’ – рече Мендух Тачи, лидерот на ДПА на вчерашната седница на Централното Собрание на неговата партија.“ – јави информативната агенција „Журнал“ во својата информација со наслов „Македонија ризикува да се распадне, ако не ги отвори преговорите со ЕУ“.

По седницата на Собранието на ДПА во својата информација со наслов „Дали Мендух Тачи најавува напуштање на ДПА?“ весникот на албански јазик „Лајм“ истакнува: „Лидерот на ДПА Мендух Тачи потврдува дека неговата партија веќе долги години се соочува со тешкотии за своето постоење, но решиле да останат на сцената, иако како што додаде, тие се слаби, но не знаат да лажат и мамат.“

Лајм“ пишува: „На вчерашната седница на Централното собрание на ДПА беше формиран Советот за организација на партискиот конгрес, на кој ќе се избираат сите нови партиски тела. Но, дали Тачи ќе продолжи да биде на чело на ДПА? Тој не одговори директно, но рече дека е уверен дека секој што ќе ја води партијата ќе го зачува нејзиното јадро. Тој истакнува: ‘Централното претседателство на ДПА одлучи сите партиски органи од денеска да бидат само технички до одржувањето на Конгресот.“

„Тачи е среќен што ДПА, иако е само со еден пратеник, успеа да ја спаси оваа Влада и дополнува: ‘ ‘Заслугите на ДПА се што не дозволи фашистичката партија ‘Левица’, заедно со Зијадин и други матрапази, да ја урнат оваа Влада со прозападна определеност.“

„Конгресот на ДПА се очекува да се одржи во август 2022 година.“ – напиша „Лајм“