Синоќа, по тешко боледување, почина Абдилаќим Адеми, поранешен министер за образование и наука, ексминистер за животна средина и просторно планирање, а извршуваше и други високи државни функции.
се сметаше за умерен и разумен политичар, кој често пати ги смируваше тензиите меѓу коалициските партнери во Владата на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ.
Абдилаќим Адеми е роден на 20 декември 1969 година во тетовското село Шемшево. Во 1996 година дипломира на Политехнички факултет во Тирана, Албанија, како инженер по металургија. Во Германија на Технички универзитет во Фрајбург стекнал обука во Институтот за градежни и стаклени материјали.
Адеми беше оженет и татко на еден син. Ќе почива на гробиштата во своето родно село.




