Мемиши: Не ли ви е срам да зборувате со луѓето чии плати се помали од вредноста на вашата вратоврска?

„Не ви е ли срам?“ – ова прашање им го упатува Хасим Мемиши – Сопи, актер од Тетовскиот театар, на разноразните политичари во Македонија преку својата колумна со наслов „Не ви е ли срам, што секое вработување минува преку огранокот на партијата? “ која ја објави информативната агенција на албански јазик ИНА.

Мемиши пишува: „Не ви е ли срам да одите низ селата со патишта полни со кал и да ветувате европска иднина?“
„Не ви е ли срам да зборувате за квалитет во образованието, во училиштата во кои нема основни услови за настава?“
„Не ви е ли срам да одите со возила со зацрнети стакла во населените места, во кои сенешто е се поцрно и поцрно?“
„Не ви е ли срам да зборувате за меритократија, за напредување според заслуги и способности, кога секое вработување минува преку огранокот на партијата?“
„Не ви е ли срам да зборувате со луѓето, чии плати се помали од вредноста на вашата кравата?“
Не ви е ли срам да зборувате за спорт, кога единствениот спорт кој вие го знаете е спортот на тендерите?“
„Не ви е ли срам да зборувате за квалитет во универзитетите, кога вашите деца ги школувате надвор од земјата?“
„Не ви е ли срам да зборувате за здравство, кога за секоја контрола вие користите или приватни болници, или бегате надвор од државата?“
„Не ви е ли срам да велите дека сте слуги на народот, додека младината ја направивте ваш слуга?“