Мелони: Кој ги спасува, тој нека ги земе мигрантите

„Невладините организации кои спасуваат мигранти во Медитеранот ќе мора да ги истоварат во земјите по чие знаме пловат нивните бродови. Oсобено во Германија, доколку не се најде подобар компромис за статусот на азил и имиграција“, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони во главниот град на Малта, Валета, каде се одржува Самитот МЕД9.



Таа го отфрли амандманот што го претстави Германија за статусот и улогата на невладините организации…a одобрен од земјите-членки на Европска Унија.

„…предлагаме друг амандман според кој државата е надлежна да ги пречека мигрантите кои се превезуваат на бродот на невладините организации на државата што го носи нивното знаме“, посочи Мелони.

Според медиумите во Рим, италијанскиот амандман вчера бил отфрлен од министрите за внатрешни работи. Плусинфо

Самитот требаше да даде нов поттик за постигнување договор по наглиот пораст на баратели на азил кои пристигнаа на малиот италијански остров Лампедуза на почетокот на овој месец.

Екстремно десничарската коалициска влада на Мелони, се судри и со Франција и со Германија и ги притиска другите земји од ЕУ да го поделат товарот.

Досега оваа година, бројот на пристигнувања во Лампедуза веќе надмина 133.000, објавија медиуми.