Мелони: Ќе ги браниме нашиот идентитет и слободата. Тоа е нашата мисија (ВИДЕО)

Џорџа Мелони, најверојатната прва премиерка на Италија по триумфот на тричлената десничарска коалиција што ја предводеше на изборите во неделата, во обраќањето до своите членови и симпатизери порача дека како нова власт во земјата-членка на Европската унија ќе ги бранат идентитетот и слободата на Италијанците.



„Зошто семејството е непријател? Зошто семејството е толку застрашувачко? Има само еден одговор на сите овие прашања: бидејќи тоа нè дефинира нас, бидејќи тоа е нашиот идентитет. Бидејќи сè што нè дефинира нас сега е непријател за оние што би сакале повеќе да немаме идентитет и, едноставно, да бидеме совршени потрошувачки робови. И затоа го напаѓаат националниот идентитет, го напаѓаат верскиот идентитет, го напаѓаат половиот идентитет, го напаѓаат семејниот идентитет“, рече таа пред присутните.

„Јас не можам да се дефинирам себеси како Италијанка, христијанка, жена, мајка. Не, јас мора да бидам мајка Х, пол Х, родител 1, родител 2. Мора да бидам бројка. Бидејќи кога сум само бројка, кога повеќе немам идентитет или корени, тогаш ќе бидам совршен роб на милост на финансиските шпекуланти. Совршен потрошувач. Токму тоа е причината зошто предизвикуваме толку голем страв. Ете зошто овој настан предизвикува толку голем страв. Бидејќи ние не сакаме да бидеме бројки. Ние ќе ја браниме вредноста на човечкото суштество, на секое едно човечко суштество. Бидејќи секој од нас има единствен генетски код, кој е неповторлив. И сакале или не, тоа е светост. Ние ќе го браниме тоа. Ние ќе ги браниме Господ, земјата и семејството. Нештата што им предизвикуваат толку голема одвратност на луѓето. Ќе го правиме тоа за да ја одбраниме нашата слобода, бидејќи никогаш нема да бидеме робови и, просто, потрошувачи на милост на финансиските шпекуланти. Тоа е нашата мисија. Затоа и сум тука денеска“, додаде Мелони.

„Честертон пред повеќе од еден век напишал: ‘Огнови ќе бидат запалени за да сведочат дека два и два се четири. Мечови ќе бидат извадени за да потврдат дека лисјата се зелени во лето’. Тоа време дојде. Подготвени сме. Ви благодарам“, заврши таа.