Мелони именувана за прва жена премиер на Италија

Џорџа Мелони влезе во историјата на италијанската политика како прва жена именувана да ја врши функцијата премиер, откако утрово беше едногласно предложена од коалицијата на десниот центар, а потоа таа накратко се сретна и со претседателот Серџо Матарела.



Лидерката на партијата Браќа на Италија, која победи на парламентарните избори на 25 септември и е во коалиција со Форца Италија на експремиерот Силвио Берлускони и со Северната лига на Матео Салвини, ја објави и листата на нови министри, а нејзината официјална инаугурација ќе биде орджана утре во 10 часот.

Веќе за в недела се очекува и првата официјална обврска на новата премиерка, која во Рим треба да го пречека францускиот претседател Емануел Макрон.