Милиони луѓе во Мелбурн се подготвуваат да излезат од најдолготрајниот „локдаун“ на светот воведен со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
Од почетокот на август, жителите на вториот по големина град во Австралија се во изолација.
Властите ветија дека ќе ја укинат забраната откако вакцинацијата со две дози за лица над 16 години надмина 70 проценти во државата Викторија, чиј главен град е Мелбурн.
Премиерот Скот Морисон во четвртокот потврди дека државата ја постигнала таа цел, односно дека има места каде што бројот на вакцинирани достигна 80 и 90 проценти од популацијата.
Од 23:59 часот вечерва, во пабовите и кафулињата ќе може да има по 20 посетители (вакцинирани со две дози) во затворени простории и по 50 на отворено.
Маските и понатаму ќе бидат задолжителни и во затворени и на отворено.






