Сопругата на американскиот претседател Меланија Трамп го прослави јубилејниот 50.ти роденден со семејството во Белата куќа. Во самоизолација поради пандемијата, таа го прослави роденденот со сопругот Доналд Трамп и нивниот 14-годишен син Барон.
На социјалните мрежи се појавија многу честитки со фотографии и придружерни со текст „Америка е среќна што има ваква прва дама“.
Весникот „Вашингтон пост“ , по топј повод, забележува дека сопругата на претседателот е најсрамежливата Прва дама во историјата на земјата.
„Се чини, таа се чувствува непријатно на јавни настапи. Ретко го придружува сопругот, комуницира почесто со деца отколку со возрасните и скоро никогаш не дава интервјуа “, пишува весникот.





