Покривот на црквата се урна за време на неделната миса во град на северот на Мексико, при што загинаа најмалку девет лица, а беа повредени 40, соопштија властите, јави Ројтерс.
Спасувачите работеа во текот на ноќта, очајно барајќи уште 30 луѓе за кои се верува дека се заробени под урнатините на црквата во Сиудад Мадеро, град на брегот на Заливот во близина на пристаништето Тампико.
Бискупот Хозе Армандо Алварез од Римокатоличката епархија Тампико рече дека покривот на црквата се урнал додека верниците се причестувале и побарал од останатите да се молат за преживеаните.







