Најмалку 53 мигранти загинаа во сообраќајна несреќа со два камиони во државата Чајапас во јужниот дел на Мексико, јави ДПА.
Несреќата се случила кога приколката од едниот од двата камиони кои учествуваа во несреќата поради преголема брзина се превртел на опасна кривина надвор од градот Тукстла Гутиере.
Во несреќата се повредени најмалку 28 лица.
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор на Твитер напиша: „Длабоко жалам за трагедијата предизвикана од превртувањето на приколката во Чиапас во која се превезуваа мигранти од централна Америка. Тоа е многу болно“.
Стотици илјадници мигранти секоја година се обидуваат да стигнат до САД преку Мексико. Мнозинството доаѓаат од Мексико или од некоја од централноамериканските земји како Гватемала, Хондурас и Ел Салвадор.
Тие бегаат од сиромаштија, насилство и корупција, како и од последици од сушата и природните катастрофи. Многу од мигрантите се превезуваат во приколки на камиони управувани од трговци со луѓе.
Видеото на следниот ЛИНК.







