Земјите од Латинска Америка и Карибите треба да формираат блок сличен на Европската унија, предложи мексиканскиот претседател на регионалниот самит вчера, во обид да се прекине дипломатското влијание во овој регион од страна на Организацијата на американски држави со седиште во Вашингтон, објави Ројтерс.
Домаќинот на состанокот, претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор, на свеченото отворање на собирот на 20-на претседатели и премиери кои присуствуваа на состанокот на Латиноамериканската и Карипската заедница (CELAC) рече дека блокот може подобро да ги стимулира економиите во регионот.
„Во овие времиња, CELAC може да стане клучна алатка за зајакнување на односите меѓу нашите нации од Латинска Америка и Карибите“, рече тој на свеченото отворање, промовирајќи ја Европската унија како идеал што треба да се следи.
Починатиот венецуелски претседател Хуго Чавез помогна во создавањето на CELAC во 2011 година.







