Мекдоналдс, повикувајќи се на „непотребното човечко страдање што се случува во Украина“, во вторникот објави дека привремено ќе затвори 850 локали во Русија., јавува Си-Ен-Би-Си.
Извршниот директор Крис Кемпчински напиша во писмо до франшизите и вработените дека синџирот ќе ги паузира сите операции во Русија. Сепак, компанијата ќе продолжи да ги плаќа своите 62.000 руски вработени, а ќе продолжи да функционира и добротворната организација „Роналд Мекдоналд Хаус“ .
Рестораните на Мекдоналдс во Русија и Украина сочинуваат 2% од продажбата низ целиот систем, приближно 9% од приходите и 3% од оперативниот приход.
Мекдоналдс долго време имаше симболична улога и во Русија.
Компанијата својота прв локал во Советскиот Сојуз пред 32 години во Москва, неколку месеци пред пропастот на СССР.






