Зборувајќи за изградбата на коридорите 8 и 10, публицистот Ким Мехмети кажа во емисијата „Интервју“ на ТВ Клан Македонија дека „не треба да се заборави оти главен град на Македонија и е Белград.“
ТВ Клан Македонија пишува: „Македонските елити и сега имаат главно српски менталитет, тие немаат друг менталитет, освен оној дека Албанците и Бугарите се непријатели, а Белград е спасителот. За македонските елити никако никако не смее да се дозволи Албанците да се поврзат едни со други, не смее никако да се дозволи Скопје да се поврзе со Тирана.“ – рече Ким Мехмети во емисијата „Интервју“.
Соред него, не е случајно што единствениот нов пат е оној со Белград. „Тие секогаш сакале Албанецот да е колку можно поддалеку од Албанецот. Апсурдот е тоа што ние, Албанците од Македонија сме помогнале во ова.“ – укажа Мехмети.
Во емисијата „Интервју“ на ТВ Клан Македонија тој напомна и дека „Македонија е пример како сојузите на ајдуците можат да градат држава.“ „Ова е типичен пример, експеримент. Понекогаш светот експериментира како ќе изгледа една држава со сојуз на далаверџии, ајдуци и луѓе, кои немаат срам.“ – истакна Мехмети.
Тој вели: „Кај нас како маж се смета оној, што не се повлекува, кој не отстапува и кога ќе кажат за него дека е ајдук, дури и кога ќе кажат за него дека не е способен да води народ напред. Во Македонија не може никој да се вработи како наставник, или чистач, ако тоа не го дозволува претседателот на општината.“
Home Македонија Мехмети: За македонските елити е недозволиво Албанците да се поврзат со коридорите...





