Знам дека од прво одделение па до староста, кај Македонците се градеше свеста дека да не беше српскиот братски народ, тие ќе биле „проголтани“ од Албанците и Бугарите“, изјави политичкиот аналитичар, Ким Мехмети во интервјуто за бугарската новинска агенција БГНЕС.



Вели дека некои припадници на елитата во Македонија веќе долго време се во канџите на „србизмот“.

Мехмети додава и дека денес од Скопје до Белград може да се патува со железница или на добар автопат, а од Скопје до Софија или Тирана по патишта изградени пред Втората светска војна.

„Што значи дека Белград долго време инвестираше во зближување на народите. А народите се здружуваат преку патишта и бракови. Денес скоро секое македонско семејство има брачни врски со српско семејство“, истакнува Мехмети.

Тој смета дека Македонија сè уште е под влијание на Белград.