Мехмети: Во Македонија државата се потпира врз незнаењето, неодговорноста, безобразието и ајдуклакот!

„Во Македонија градењето на државата се потпира врз незнаењето, неодговорноста, безобразието и ајдуклакот, а не врз умноста, чесноста и одговорноста. ‘Самограбнатите’ пратеници и сличните ним се повикуваат на стратегиските евроатлантски интеграции и на се што е свето национално и верско, но само за да го покријат своето безобразие!“ – вели писателот и публицист Ким Мехмети во својата колумна со наслов „ Штотуку почна да ми се раѓа надежта дека и Македонија може да биде држава, излезе некојси ‘самограбнат’ пратеник“. Колумната ја објави информативната агенција на албански јазик ИНА.



Мехмети пишува: „Штотуку почна да ми се раѓа надежта дека и Македонија може да биде држава, излезе некојси ‘самограбнат’ пратеник, или некој сличен нему, кој поради евроатлантски стратегиски причини на државата едвај чека да стане министер и кој кај мене поттикнува нагон за повраќање, наведувајќи ме да го вперам погледот кон небото и да кажам: ‘О, Боже, ако не врз нас, туку имај милост кон ангелската невиност на нашите малолетници и не оставај не во рацете на оние, кои не го престануваат да го изговараат името твое и кои се повикуваат во се што е свето национално и верско, но само за да го покријат своето безобразие!“

„И продолжувам да говорам: ако Македонија стане држава, тогаш таа ќе докаже дека градењето на државата се потпира врз незнаењето, неодговорноста, безобразието и ајдуклакот, а не врз умноста, чесноста и одговорноста!“ – заклучува Мехмети во својата колумна.