„На идните предвремени парламентарни избори ВМРО ДПМНЕ ќе победи без проблем. Ова го знаат и СДСМ и ДУИ и затоа се плашат од одржувањето на тие избори.’ – изјави писателот и публицист од с.Македонија Ким Мехмети во настапувањето во ТВ ‘Око’, анализирајќи ја најновата политичка ситуација на албанскиот простор и се осврнувајќи се на последните политички околности во с.Македонија.“ – пренесе информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.
„Алмакос“ пишува: „Мехмети оценува дека принципот ‘победник со победник’ е прекршен двапати, оти ДУИ стана потоа вазал на СДСМ и дека на овој начин се создаде нова политичка ситуација. Според него, ВМРО ДПМНЕ ќе победи без проблем на идните избори, па затоа и СДСМ и ДУИ се плашат од одржувањето предвремени парламентарни избори.“
„Ако таму нештата се набљудуваат реално, може да се констатира дека СДСМ не победил никогаш на избори. Тој успеа да дојде на власт со тоа што ДУИ го прекрши непишаниот принцип владејачките коалиции да ги сочинуваат победничката партија од македонскиот блок и победничката партија од албанскиот блок. Тоа беше нешто, во кое се колнеше ДУИ. Меѓутоа, откако СДСМ доживеа пораз на изборите од ВМРО ДПМНЕ, ДУИ направи коалиција со СДСМ, му стана вазал и така се направи Влдата. Во спротивен случај тоа немаше да се случи.“ – рече Мехмети во настапувањето во ТВ ‘Око’.“
„Со ова тогаш беше создадена нова ситуација, а сега веќе и сосема поинакви околности. Ако утре ВМРО ДПМНЕ на изборите освои, да претпоставиме, 58 пратенички мандати, тогаш нему ќе му биде доволна една албанска партија со три мандати, за да ја конституира Владата. Ние, Албанците, нема да смееме да им кажеме: ‘Зошто не ја земате партијата, која го освоила мнозинството на албанските гласови?’ Бидејќи тој принцип, тоа правило го прекрши ДУИ. Јас сум сигурен дека по идните избори Владата ќе ја прави ВМРО ДПМНЕ. Ова го знаат и СДСМ и ДУИ, па затоа тие две партии се плашат од изборите. Реков дека СДСМ никогаш не победил на избори, па не победил ниту на последните избори во македонскиот блок.“ – нагласи Ким Мехмети.





