Мехмети обвинува за скандал: Албанскиот театар станал бордел за Рамазан (ФОТО)

Новинарот на порталот Алмакос Емад Мехмети обвинува за скандал во Албанскиот театар во Скопје кој според него станал ,,бордел за Рамазан”. ️



Мехмети смета дека албанските актерки чии слики ги објавува на својот профил се понижуваат во скопскиот театар со сцени со проституција за време на светиот месец
Рамазан.

,,Авторите на најновата претстава во Албанскиот театар во Скопје како да сакаат да бидат модерни и надмено кон нас останатите кои сме „заостанати“, а тоа се обидуваат да го докажат со претстави со несоодветна содржина во светиот месец Рамазан, каде актерките Албанки се облечени како проститутки и во погрдни сцени според многу критичари на театарот. Коментарот е ваш…”, пишува Мехмети за претставата на Албанскиот театар која на површина по кој знае по кој пат го исфрли вечниот судир меѓу традицијата, религијата и уметноста.