„Дали може некој сериозно да ја сфати оваа Македонија, која станала ‘пазар на добиток’, во која пратениците чинат со милиони евра, а гласачите се купуваат само за 20 евра?!“ – прашува публицистот и политички аналитичар Ким Мехмети во својата колумна со наслов „Македонија како ‘пазар на добиток’, на кој што пратениците чинат милиони евра, а гласачите само 20 евра!“, објавена во весникот „Лајм“ и некои други медиуми на албански јазик.
Мехмети пишува „Дали некој навистина верува дека има странски дипломати или државници, кои сериозно ги сфаќаат ‘самокиднапираните’ пратеници и слични ним, кои сакаат да не убедат дека безобразието и бесрамноста се странски вредности?! Дали може некој сериозно да ја сфати оваа Македонија, која станала ‘пазар на добиток’, во која пратениците чинат со милиони евра, а гласачите се купуваат само за 20 евра?!“
„Не верувам дека има странски дипломати или државници, кои ги земаат сериозно ‘самокиднапираните’ пратеници, или оние кои се седнати зад затворените врати на Владата, чекајќи да станат министри. Како што не верувам дека некој сериозно ги сфаќа лидерите на оние партии, кои немаат членство и кои не бранат од руско – турската опасност. Но, сакам да верувам дека ние не сме толку неодговорни кон себе, за да дозволиме да не исмејуваат оние на кои главата и устата не им се врзани за мозокот, туку за џебот.“
„Сите ние сме негрижни, кој помалку, а кој повеќе, но секако треба да најдеме начин да се заштитиме од оние кои ја презираат нашата интелигенција, од оние кои колективно не срамат.“ – заклучува Ким Мехмети во својата колумна.





