„Демократската унија за интеграција ги менува своите политички партнери – македонските партии според логиката на проститутка – кој ќе и плати повеќе.“ – вели политичкиот аналитичар и публицист Ким Мехмети во својата колумна под наслов „Кога ве навредува ДУИ – вие сте на патот на Народот и на Бога!“, која ја објави весникот на албански јазик „Лајм“.
Мехмети пишува: „Ми доаѓа да повраќам кога ги слушам претставниците на ДУИ како ги критикуваат албанските опозициски партии зошто соработуваат со ВМРО ДПМНЕ?! Најгласни во овие критики се функционерите на ДУИ, кои отвориле десеттици привремени портали, само колку да ги соберат парите од државните фондови. Потоа ќе ги затворат тие портали на денот кога ќе завршат изборите.“
Тој тврди дека „на челниците на ДУИ Владата им одговара заради ајдуклак“: „Како да не почувствуваш дека ти се повраќа кога критикуваат оние што повеќе од една декада ја држеше на власт онаа антиалбанска ВМРО ДПМНЕ, која ја ‘пошумуваше’ Македонија со крстови и спомен – обележја – власт која што еднаш годишно измислуваше монтирани судски процеси против Албанците и која сиот свет ја нарекуваше ‘корумпирана Влада’ … а на челниците на ДУИ таа им одговараше само заради ајдуклак!“
Колумнистот смета дека „ДУИ се однесува според логиката на проститутка“: „Дека ДУИ ги смени македонските партнери според логиката на проститутката – јас сум со оние што плаќаат подобро – сведочат и минатите локални избори кога оваа албанска партија немаше да победи во ниедна општина, ако ја немаше поддршката на СДСМ! А денес кога ДУИ е побратимена со СДСМ сите други Албанци се вмровци!? Според оваа логика ДУИ е единствената, која имала легитимитет да соработува со Македонците и да се збратимува со нив?! Затоа, може да се каже дека ДУИ се однесува како проститутка кон сестрите, кои и го зедоа претходниот муштерија со кого го делеше креветот. Критиките од ДУИ се најдобриот доказ дека сте на патот на Народот и на Бога!“
Што се однесува до соработката на албанските партии со македонските партии, треба да се прифати една вистина: сите македонски политички и полициски кругови можат да ги изберат своите Албанци, додека албанските партии се туркаат меѓу себе која ќе му биде омилена на владетелот!“ – заклучува Ким Мехмети во својата колумна, која ја објави „Лајм“.
Извор: https://lajmpress.org/kim-mehmeti-kur-te-shane-bdi-ja-je-ne-udhen-e-kombit-dhe-te-zotit/





