„Ветувањата на лидерот на ДУИ Ахмети предизвикуваат насекаде блуење и пролив. Тој се потсмева бесрамно со сиромашните гласачи, ги лаже и ги презира! Бандата на кабадахии од ДУИ две децении изнудуваат и го пљачкаат народот! Нивниот башибозук ќе го снема по локалните избори.“ – пишува писателот и публицист Ким Мехмети во својата колумна под наслов „Овие од ДУИ не само што изнудуваат, туку и се потсмеваат и не презираат!“, која ја објави весникот на албански јазик „Лајм“.
Мехмети вели: „Насекаде се зборува за вироза со блуење и пролив. Верувам дека тоа го предизвикуваат ветувањата на претседателот на ДУИ Али Ахмети за нула отпад, нула злоупотреба, нула лошо раководење, нула нелегални градби, нула корупција, нула кучиња – скитници, нула недостиг на паркинг и нула запоставени граѓани?! Ветувања кои те наведуваат сам да се запрашаш: дали е можно оние што изнудуваат да се откажат од изнудувањето, да се прекине со нешто што претставниците на оваа партија го практикуваат две децении? Да, можно е, ако тие се наситија, пљачкајќи го народот и ако во чкембето не им собира повеќе ништо!“
Колумнистот прашува: „Можно ли е ова да го ветува човек, што кој две децении водел банда кабадахии, која ги испразни од население албанските подрачја и која ја прогласи членската книшка на оваа партија како единствена вредност? Да, можно е, ако умрело се што е човечко во него!“
„И на крајот уште едно суштинско прашање: зошто досега беше допуштен овој башибозук, кој ќе исчезне по локалните избори? Можеби е тоа причината зошто челниците на ДУИ успеаја да реализираат нешто перверзно: да ги принудат сиромашните гласачи да се преправаат дека се чувствуваат добро, кога претседателот на оваа партија Ахмети бесрамно се потсмева, лаже и презира!“ – заклучува Ким Мехмети во својата колумна, која ја објави весникот „Лајм“.
Извор: https://lajmpress.org/keta-te-bdi-se-jo-vetem-qe-te-zhvatin-por-edhe-te-tallin-e-perbuzin/






