Д-р Злате Мехмедовиќ портпарол на Комисијата за заразни болести по вчерашниот одржант состанок каде се дискутирало за моменталната епидемиолошка состојба информираше дека од идната недела во Скопје ќе почнат со работа пет ковид центри каде ќе се дијагностицираат и лекуваат пациентите со ковид. Ковид амбулантите ќе бидат сместени во поликлиниките Идадија, Ѓорче Петров, Јане сандански, Ченто и Чаир. Тие треба да почнат со работа идната недела, со работно време и од 7,300 до 19,30 часот,а во нив пациентите ќе бидат тестирани и со брзи ковид тестови.
Омикронот ги наполни амбулантите на матичните лекари. Секој втор тестиран за детекција на ковид вирусот оваа недела е позитивен. Д-р Злате Мехмедовиќ портпарол јна Комисијата за заразни болести по вчерашниот одржант состанок каде се дискутирало за моменталната епидемиолошка состојба информираше дека од идната недела во Скопје ќе почнат со работа пет ковид центри каде ќе се дијагностицираат и лекуваат пациентите со ковид.
-Ковид амбулантите ќе бидат сместени во поликлиниките Идадија, Ѓорче Петров, Јане сандански, Ченто и Чаир. Тие треба да почнат со работа идната недела, со работно време и од 7,300 до 19,30 часот,а во нив пациентите ќе бидат тестирани и со брзи ковид тестови. Со тоа се фокусираме на примарното здравство каде што во моментов притисокот е најголем, за да може матичните лекари да можат да се ангажираат на редовната работа-информира д-р Мехмедовиќ и нагласува дека стручните медицински тимовите веќе се подготвени, а во нив ќе ротираат и дел од матичните лекари.
Тој потенцираше дека и покрај зголемениот број на заразени на дневна основа, во болниците има малку пациенти и затоа Македонија се уште е во зелената зона. Д-р Мехмедовиќ нагласи дека нема потреба од дополнителни мерки остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.
Од Комисијата апелираат до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и непроветрени простории, освен кога тоа е неодложно. Во такви случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца.





