„Албанските политичари и политички лидери од Албанија, Косово и од Македонија придонесоа албанското население на овие простори, во услови и на страв од сиромаштија и немање егзистенција, да ги загуби своите похотни, страсни желби за сексуални односи. Затоа, албанските жени не се повеќе ‘машини за раѓање деца’ како во минатите времиња“ – пишува Сулејман Мехази во својата колумна под наслов „Порано бевме фабрика за раѓање деца – сега ги потиснуваме тие раѓања“, која ја објавија весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик во Македонија и регионот.
Авторот на колумната тврди: „Во времињата на Тито албанските мажи и жени беа Фабрика за раѓање деца. Сопружниците правеа по три и четири деца, па и повеќе. Добиваа детски додатоци се до завршувањето на школувањето на своите деца. А вие, албански политичари, што направивте? Внесовте толкав во нашите животи, што предизвикавте да ги загубиме нашите чувства на човечност, почит и љубов, не само меѓу луѓето, туку и меѓу родовите, семејствата и сопружниците.“
Мехази натаму вели: „Море, вие писни, непрокопсани политичари, поради вас и стравот од сиромаштија албанското население ги загуби своите похотни, страсни желби за сексуални односи. Порано во српско – југословенските медиуми, весници и телевизии, нашите албански жени се третираа како ‘машина за раѓање деца’. Тие беа посексибилни и толку моќни и среќни заедно со нивните мажи, чувствувајќи и сексуална љубомора. Но, вие, валкани албански политичари од Албанија, исто така и од Косово и Македонија, во услови и на страв од семејната сиромаштија, ги направивте албанските сопруги импотентни, страшливки, склони да ги потиснуваат сексуалните односи толку што не сакаат воопшто да раѓаат деца.“
Колумнистот им порачува на албанските политичари: „Толку сте гнасни, бидејќи на својот народ му ја внесовте психологијата на слабеењето на сексуалните односи: поради тешките општествени услови да не им дојде на ум повеќе раѓањето син или ќерка. Порано албанските семејства се зголемуваа како стада овци и во нив имаше нежност, но сега тие семејства се испразнети, ги направивте како диви волци низ целиот свет.“
Во колумната се посочува: „За да ги аргументираме претходните реченици, како пример ги земаме учениците во деветогодишните училишта во Македонија. Во неа секоја година има се помалку и помалку ученици. Во 2008 година деветогодишно училиште завршиле 135 илјади ученици, додека во 2018 година околу 90 илјади ученици, односно 45 илјади ученици помалку.Тоа значи загуба на еден град од 45 илјади жители.“
„Вие, албански политички лидери, заминете најбргу, бидејќи вие сте најголемите непријатели на албанскиот народ. Вие секој ден го притискате и го потиснувате. Бегајте и никогаш да не се вратите, вие, хиени на ова напатено и сиромашно население!“ – заклучува Сулејман Мехази во својата колумна, која ја објавија „Лајм“ и други медиуми на албански јазик во Македонија и регионот.
Извор: https://lajmpress.org/me-pare-ishim-fabrika-lindjesh-te-femijeve-tani-jemi-bere-ndrydhje-lindjesh-te-femijeve/





