Mеѓународниот суд на правдата на Обединетите нации денеска му нареди на Израел во да ги спречи актите на геноцид врз Палестинците и да направи повеќе за да им помогне на цивилите.
Но, Судот не нареди прекин на огнот како што бараше Јужна Африка, пренесе Ројтерс.
Судот соопшти дека има јурисдикција да одлучува за итни мерки што ги бара Јужна Африка во случајот против израелската војна во Газа и нема нема да го отфрли случајот, и покрај приговорите на Израел.
Меѓу мерките што Јужна Африка ги бараше беше итно запирање на воената операција на Израел и го обвини за геноцид врз Палестинците во Појасот Газа.
Преторија го обвини Израел дека воената акција во Газа имала за цел уништување на „значителен дел од палестинската национална, расна и етничка група“ со директно кршење на Конвенцијата за геноцид од 1948 г.
Израел ги отфрли обвинувањата на Јужна Африка, велејќи дека ужасните страдања“ на цивилите, и израелски и палестински, е резултат на стратегијата на Хамас да се крие зад невините.
Јужна Африка соопшти дека повеќе од 50 земји изразиле поддршка за нејзиниот случај пред највисокиот суд на ОН, кој го обвинува Израел за геноцид врз Палестинците во војната во Газа
Други, вклучително и Соединетите Американски Држави, силно го отфрлија тврдењето на Јужна Африка дека Израел ја прекршува Конвенцијата на ОН за спречување и казнување на злосторството геноцид.






