Меѓународна потерница по осомничениот за убиство на Денис Тот

По Ангело Ѓорѓиевски, првоосомничениот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот кој беше претепан пред скопскиот ноќен клуб „Привилеџ“, МВР распиша меѓународна потерница.



Ракометарот и девојката која крвнички го клоцаше по главата, се познавале од претходно и меѓусебно недоразбирање најверојатно е причина за нападот кобната ноќ.

Меѓу нив имало расправија, потврди МВР и тоа најверојанто е поводот за нападот врз Тот. Ниту еден од седумтемина сведоци, обезбедувањето во клубот и такси возачот, не пријавиле на 192, објави ТВ21.