Полицијата распиша меѓународна потерница за нарко-босовите од селото Грчец кој минатата недела, откако акцијата била „пробиена“, успеале да избегаат за времето на акцијата „Планина“.
Полицијата успеа да приведе 21 лице, но главните успеале да побегнат, и по нив сега се трага со потерница.
Се работи за Седат Бајрами, Бесир Љатифи, Егзон Зендели, Сенат Љатифи, Иљаз Муареми и Исмаил Рогачи.
При претресите на 26 локации во Грчец и 9 во Гази Баба, не беше пронајдена ниту значителна количина на друга бидејќи местата биле расчистени, а ги немало ни луксузните автомобили на наркобосовите.
Но, Русковска тврди дека имаат доволно докази зошто уште на почетокот биле свесни за тоа и собирале докази за секој член на групата поединечно.
Како била пробиена акцијата досега нема информации.







