Секретарот за меѓународна соработка во ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски со јасна порака за можниот компромис со Бугарија во контекст на опасноста по националниот идентитет и почеток на преговори со ЕУ.
,,Јас не сакам да бидам Европеец, ако треба да заборавам дека сум Македонец. Ако треба да се плати цената на национално обезличување, тогаш фала – тоа нам не ни треба.
На македонскиот народ му е смачено од отстапки. Правевме отстапки со знамето и референцата во 90тите, со промената на уставот неколку пати. Сега е време за решенија и отворање на вратата на ЕУ за Македонија. Време е ЕУ и Европската комисија да ги почнат преговорите, зашто нецелисходни се понатамошни отстапки.
Преговорите треба да почнат без било какви одлагања, условувања и предусловувања од било која страна”, порача Андоновски на синоќешното гостување на Телевизија 24.
Целата емисија






