Меѓународен пливачки натпревар “13-ти Ноември” – репрезентативката Ева Петровска најуспешна пливачка

Викендов во Скопје се одржа меѓународен пливачки натпревар “13-ти Ноември” на кој настапија 521 пливач, од 42 клубови од Србија, Албанија, Косово, Чешка, Бугарија и домаќинот Македонија.



На натпреварот настапија голем дел од нашите репрезентативци, и се соборија многу национални рекорди.
Најголем успех постигна нашата репрезентативка Ева Петровска, член на Пливачката Академија “Аква Про” во дисциплината 800 м слободно исполнувајки “Б Норма”за престојното Светско Првенство кое ќе се одржи од 13-18 декември оваа година, во Мелбурн – Австралија.

Ева настапи и во дисциплините 200 и 400м слободно и 200 делфин, со освоени 4 златни медали и збир од 4 највредни резултати беше прогласена за најуспешена пливачка во апсолутна конкуренција.

Павле Стојчески освои 3 место и бронзен медал во дисциплината 50м грбно.