Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. 



На настанот организиран по тој повод најавени се обраќања на директорката на Институтот Елена Јованова-Грујовска, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и на ректорот на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски.

Во рамки на настанот ќе има дел посветен на Крсте Мисирков и на поезијата на Ацо Шопов.