Меѓу заболените од Ковид-19 потпретседателот на СДСМ со сопругата и ќерката

Ако СДСМ оди на избори на 5 јули поради Ковид-19 нема да може да смета на својот потпретседател.



Поради тоа што тој, неговата сопруга и ќерката се позитивни на коронавирусот, пратеникот Мухамед Зекири ќе мора да оди на најмалку 14-дневна изолација.

Зекири на Фејсбук објави дека заедно со двајца членови на неговото семејство бил утврден како позитивен на тестот за Ковид-19.

„Почитувани пријатели,
И покрај строгото почитување на мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам дека јас заедно со сопругата и мојата три месечна ќерка резултираме позитивни на тестирањето за КОВИД 19.

За среќа јас немам никаков симптом но резултирав позитивен.

Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни.

Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате.

Изразувам жалење и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во незавидна позиција“, пишува Зекири.